Опис на предизвикот

Британски совет и Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ) објавуваат предизвик за иновативно решение со кое технологијата може да помогне на културата.

Целта на овој предизвик е да се охрабрат мултидисциплинарни тимови да предложат едноставни, брзо спроведливи и одржливи решенија, со кои новите дигитални технологии може да им помогнат на културните институции, особено музеите и библиотеките, во нивното управување, продукција, грижа и промоција на колекции, како и привлекување на поголема публика.

Приложените решенија се оценуваа според влијанието кое истите го имаат за конкретна културна институција од аспект на културата во Република Македонија, можноста решението да се примени и во други сродни институции, соодносот помеѓу перформанси и цена, како и степенот на самоодржливост на предложеното решение.

Рокот за пријавување заврши заклучно со 21 мај 2014 година. Учесниците на најдобро рангираните проектни решенија на 4-6 тимови се поканети на 4-дневна обука за креативно претприемаштво во Скопје во последната недела од јуни.

По обуката тимовите ќе бидат поканети да развијат финални решенија од кои ќе се избере едно, кое ќе добие финансиски средства за да биде реализирано за конкретна културна институција (музеј или библиотека) во Република Македонија.

На повикот беа пријавени следниве идејни решенија

Назив на проектотНосител на проектотИнституција
„ИНТЕРАКТИВЕН ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН КУЛТУРЕН ЦЕНТАР“ Виолета Калиќ, историја на уметноста со археологија ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје
3D во музеите Емрах Џафче СП ФИНКИ
ArtUp - Crowdfunding платформа за поддршка на уметници и културно - уметнички настани Дејан Михајловиќ ФИНКИ - апсолвент
Cultural guide Климент Ламбевски ФИНКИ
Museum in action Јасмина Намичева ЈУ Музеј на град Скопје
Personimo Филип Десподовски Personimo
skopyeah 2k14 Игор Стаматовски iborn.net
Агрегатор на дигитални содржини / објекти. Александар Стојанов Центар за дигитизација при Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје
Безбедна е-библиотека Јордан Атанасовски АРНО
Веб базиран аудио плеер за стриминг на аудио книги од Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ „Св. Климент Охридски“ - Скопје Александар Стојанов Центар за дигитизација при Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје
Интерактивна виртуелна прошетка низ Природонаучниот музеј на Македонија Наташа Стефановска НУ "Природонаучен Музеј" - Скопје
Информации за културно-историски знаменитости. Горан Петковски ФИНКИ
Мобилна апликација - MOCA ARTrip Благоја Варошанец Национална установа Музеј на современата уметност
Мобилна апликација за зголемување посетители и маркетинг - Скопска музејска зона, Skopje museum zone Маја Миноска-Павловска, Горан Санев Музеј на македонската борба - Скопје, Археолошки музеј
Систем за евиденција и манипулација со библиотеки. Максим Симоновски фИНКИ
Систем за управување и промоција на музеи Дарко Цветковски Постдипломски студент на ФЕИТ
Туристички водич за Археолошкиот музеј Блажевски Бобан Архолошки Музеј на Република Македонија

Вашите лични детали ќе бидат користени во согласност со нашите стандарди за заштита на податоци. Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје нема да ги продаде или открие Вашите детали на трети лица за комерцијални или други причини. Авторските права за предложените решенија остануваат во сопственост на предлагачите. ФИНКИ и Британскиот совет ќе ги промовираат решенијата и не превземаат одговорност за нивна понатамошна експлоатација од страна на трети лица или субјекти. Ако сакате повеќе информации контактирајте ја правната служба на факултетот на contact@finki.ukim.mk. Ви благодариме.

Поддржано од:
logo logo